Апасиев по најавата за нов регионален воен сојуз: „Фашистите повторно се сојузуваат“
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше со жестока порака по информациите дека Бугарија планира да се приклучи на новиот одбранбен сојуз со Албанија, Косово и Хрватска.
„ФАШИСТИТЕ од Втората светска војна повторно се сојузуваат (балисти + врховисти + усташи)!? Ондак е време да ја одбереме другата страна – победничката, антифашистичката!“, напиша Апасиев на Фејсбук, алудирајќи на историските контроверзи поврзани со дел од овие земји и нивната улога во Втората светска војна.
Реакцијата доаѓа само еден ден по изјавата на косовскиот министер за одбрана, Ејуп Мачедонци, кој за ТРТ Балкан потврди дека Бугарија е подготвена да се приклучи кон тројниот договор меѓу Албанија, Косово и Хрватска. Потпишаниот одбранбен меморандум предвидува зголемена соработка во безбедносната и воената сфера, а според Мачедонци, очекува се приклучување и на други земји од регионот.
Апасиев, кој и претходно бил критичар на надворешната политика што ја води македонската влада, ја искористи најавата како повод да предупреди на, како што го нарече, „неофашистичко сојузување“ и повика на зацврстување на антифашистичкиот фронт.
Неговата објава на Фејсбук во продолжение: