Русија и ИР Иран ќе потпишат договор за сеопфатна соработка

Русија и ИР Иран ќе потпишат договор за соработка соопшти иранскиот амбасадор во Москва. Тој додаде дека договорот кој ќе го потпишат Москва и Техеран е за сеопфатна соработка.

Москва и Техеран наскоро ќе потпишат договор за сеопфатна соработка“ – изјави иранскиот амбасадор во Русија Казем Џалали.

Наскоро ќе потпишеме долгорочен сеопфатен договор за односите помеѓу земјите“, рече дипломатот. Сепак, тој не го наведе точниот датум и место на потпишување на споменатиот документ.

Во моментов меѓу Русија и Иран постои договор за основите односите и принципите на соработка. Потпишан е во 2001 година на десет години, што подоцна беше автоматски обновен.

Претходно, израелските власти беа загрижени поради зголемената соработка меѓу Русија и ИР Иран на нуклеарното поле. Израелската страна е уплашена дека зближувањето на земјите му ги одврзало рацете на Техеран во неговите обиди да создаде нуклеарно оружје.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан изјави дека Техеран и Москва ќе го потпишат сеопфатниот договор за соработка меѓу двете земји до крајот на 2022 година.

„Овој договор ќе биде потпишан во Техеран или Москва пред крајот на годината“, – кажа министерот