АктуелноЛокално

Мециновиќ: Мицкоски веќе нудеше заедничка влада со СДСМ за внесување на Бугарите во Уставот

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, во гостување на радио Канал 77 остро и аргументирано ја разобличи политичката дволичност на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, посочувајќи на континуираната кохабитација со СДСМ уште од 2021 година, како и на нивната недоследност во однос на уставните измени и односот кон граѓанските протести.

Мециновиќ потсети на изјавата од мај 2023 година, кога по лидерската средба во Клубот на пратеници, Мицкоски јавно изјави дека е подготвен за заедничка влада со СДСМ со цел да се исполни европската агенда, вклучително и внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Знаете зошто се сеќавам? Затоа што додека тој држеше прес-конференција внатре, јас стоев надвор и зборував пред народот“, изјави Мециновиќ, нагласувајќи дека Левица уште тогаш јавно се спротивставила на каков било компромис што оди на штета на националните интереси.

Пратеникот потсети дека токму Левица била партијата која гласно го поддржа протестот за скандалот на Онкологија, каде што пациентите добивале физиолошки раствор наместо терапија, додека ВМРО-ДПМНЕ, според него, „го гушеше тој протест“.

„Ние стоевме зад протестите против фашистичките клубови ‘Ванчо Михајлов’ и ‘Цар Борис Трети’. ВМРО не само што не се приклучи, туку директно ги саботираше тие обиди за отпор“, додаде тој.

Тој укажа и на фактот дека ВМРО-ДПМНЕ единствено повикувала на протести во периодот на гласањето на заклучоците за францускиот предлог, но дури и тогаш, на клучниот ден, го повлекла своето членство.

„Тогаш на улица беа само чесни граѓани и членови на Левица“, рече Мециновиќ.

„ВМРО сака да ја продаде приказната дека се на власт само една година. Не, тие управуваат со локалната самоуправа од 2021 година – и ја доведоа до финансиски колапс, како што е случајот со Општина Аеродром“, потенцираше тој.

На крајот, Мециновиќ подвлече дека е крајно цинично Левица да биде обвинувана за наводна блискост со СДСМ, кога токму ВМРО-ДПМНЕ била подготвена на институционална соработка со нив во клучни моменти за државата.

Неговото гостување може да го погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/share/r/1DqVuhry9D

Z P

Zvezdanka Pesikj