АктуелноЛокално

Намалени плати во Прилепска пиварница?

До редакцијата на Антропол пристигна пријава од извор кој сака да остане анонимен за намалување на платите на работниците изминатиот месец во АД „Прилепска Пиварница”. Според доставеното до редакцијата, “Прилепска пиварница” поради недоволно профит во месец август, на секој вработен му се скратени т.е. намалени околу 5500 денари од платата, со што постои можност истото да се повтори и во месец септември. Според изворот, постои голема веројатност целиот случај да се заташка од надлежните органи со цел да се заштитат сопствениците на компанијата кои се влијателни во политичкиот и економскиот живот на државата.  Редакцијата упатува апел доколку постои ваков случај, истиот да биде пријавен со што се гарантира анонимноста на изворот.

Инаку според билансот на успех објавен на веб страната на Македонската берза, компанијата “Прилепска пиварница” AД Прилеп во првото полугодие од 2019 година остварила добивка од 31 милиони денари, што претставува намалување во однос на истиот период минатата година, кога добивката на оваа компанија изнесувала 67 милиони денари. 

“Во период од 01.01. до 30.06.2019 година остварен е вкупен приход во износ од 873.084.599 денари кој во споредба со остварениот вкупен приход во истиот период од 2018 година покажува остварување од 98,83%” – соопшти компанијата. Според компанијата, неисполнувањето на вкупниот приход се должи на неповолните временски услови пред се во месец јуни, на неповолните политички и економски состојби во земјата и на видливиот одлив на дел од населението од земјата.