АктуелноЛокално

Мустафаоглу: Оставете ги младите да ја обликуваат државата ако сакате да останат овде

Статус на Дарја Мустафаоглу:

До кога со ова заокружување на протести и демонизирање на млади луѓе?

Оставете ги младите да дишат и зборат бе, штабски стаорци скриени зад псевдоними!

Има млади луѓе кои влегуваат во организации или партии поради истата желба за промени, истиот жар кој ги носи и на протести, а не поради вработување и други бенефити!

Презирајте ги оние кои удобно живеат во овој трул систем, не оние коишто се борат за да го подобрат за да останат во државава и таа да има воопшто иднина.

Оставете ги младите, сведени на ниво на ендемски видови во Македонија, да ви кажат што им смета, оставете ги да ја обликуваат државата за да останат овде.