АктуелноЛокално

Биеналната изложба „Кумановски графичари“ утре во Центарот за култура во Куманово

Во Центарот за култура во Куманово во четврток (14.ноември) со почеток од 19,30 часот ќе биде отворена биеналната изложба на графики “Кумановски графичари 2024“.  Изложбата содржи 22 графики во повеќе техники, изработени во последните неколку години.

На изложбата ќе учествуваат академски графичари од повеќе генерации: Александар Стефановски, Валентина Илијевска, Зоран Јакимовски, Милена Арсовска, Мирослава Цветковиќ, Симона Јакимовска, Стефан Анчевски, Стефан Јакимовски, Тања Соларска-Темелковски и Ханифе Ислами. 

„Се работи за неизложувани дела работени во различни временски периоди на коишто се воочува силен авторски печат и желба за остварување на авторска слобода во изразот“, вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста. 

Ова е 10-тото издание на традиционалната графичка изложба “Кумановски графичари 2024“, која е финансиски помогната од Министерството за култура.

Изложбата ќе биде поставена до 28 ноември 2024.