Мојсоска: Битола залужува ски-центар
Како пратеник во Собранието, денес поднесов амандман на предлог-Буџетот – со цел обезбедување на средства за изградба на ски-центар и гондола на Пелистер, како долгогодишна желба на сите Битолчани. За неискористениот потенцијал на Пелистер говорат и швајцарски студии, кои капацитетот на Пелистер го споредуваат со Цермат (швајцарскиот центар на Алпите).
Ваков инфраструктурен проект ќе создаде нови можности за развој на туризмот, вработувања и подобрување на локалната економија, а Битола ќе ја промовира како најатрактивна локација за зимски туризам!
Обезбедените средства се предвидени за изработка на физибилити студија, техничка документација и изградба на ски центарот и гондолата на Пелистер.
Советот на Општина Битола веќе изгласа ваква одлука, која има предвидено средства за изработка на физибилити студија и техничка документација.
Битола заслужува повторно да биде економски и културен центар на Балканот, напиша народната пратеничка Јована Мојсоска на Фејсбук.