„Сите лица на Кожуф“ изложба на фотографии вечерва во Музеј Гевгелија
Вечерва (15-ти октомври) со почеток од 20:00 часот во Уметничка галерија Амам во организација на Националната установа Музеј Гевгелија ќе се отвори изложбата на фотографии „Сите лица на Кожуф“ од Димитар Новаков.
Изложбата е реализирана со поддршка на и Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
Димитар Новаков е фотограф и визуелен уметник од Гевгелија, кој од 2014 година фотографира пејзажни и улични фотографии со цел да покаже колку навистина е убав нашиот свет и прави концептуалните визуелни креации за да го покаже неговиот свет. Тој опфаќа важни теми како љубовта, среќата, смислата на животот, откривањето на себеси и промените.