На Митески не му се приоритет проблемите на Аеродром

Општина Аеродром, на чело со в.д. градоначалникот Дејан Митески, продолжува со нерешавањето на проблемите на жителите.

До огранокот на Левица во Општина Аеродром жителите од Ново Лисиче испратија фотографии со кои посочуваат дека исечените дрвја стојат скоро два месеца, а општината абер нема да ги подигне. Овие дрвја беа делумно паднати, а делумно исечени уште во јули, односно по последните невремиња кои го зафатија овој дел од општината.

Но, жителите на Ново Лисиче посочуват и на проблем со сушење на младите насади. Сите млади дрвца, што беа посадени пролетта, денес се целосно суви заради неполевање на истите во летните месеци. Сега штетата е дупла. Од една страна младите дрвца за кои се дало пари се мртви, а од друга есенва или на пролет ќе треба повторно да се двојат сретства од буџетот на општината за нови дрвца.

Граѓаните на Ново Лисиче велат дека повеќе пати било барано да се отстранат исечените дрвја, но во Општината се глуви и неми на барањата на граѓаните.

Го повикуваме градоначалникот Митески да не го следи во чекор неговиот претходник Муцунски и да се зафати со проблемите на жителите на Аеродром. Пред избори ДПМНЕ ветуваше многу, по избори не стори ништо. И по три години власт на ДПМНЕ во Аеродром нема направено ништо од она што го ветија. По сѐ изгледа ќе почнат да работат предизборно. Дотогаш ќе се сликаат – демек работат, се вели во соопштението на партијата.