ЕУИнтернационално

Сијарто: Зборот „Мир“ во западниот „свет“ почна да се третира како вулгарен збор кој не смее да се изговори

Оние кои повикуваат на дипломатски решенија се стигматизирани, напаѓани и критикувани, рече унгарскиот министер за надворешни Питер Сијарто.

Не е во ред што „мирот“ се третира како проклетство во меѓународната политика, кажа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Борбите меѓу Русија и Украина и конфликтот на Блискиот Исток се изложени на ризик од ескалација и можат „во секој момент да ја поткопаат глобалната безбедност“, рече Сијарто во својот говор за време на Самитот на иднината во седиштето на ОН во Њујорк во понеделникот.

Човештвото може да се соочи со две „тажни“ сценарија доколку тензиите продолжат да се зголемуваат: избувнување на Трета светска војна или светот повторно да се подели на блокови, предупреди тој.

Прашањето сега е дали таквите исходи би можеле да се избегнат и „дали глобалното про-мировно мнозинство може да обезбеди зборот „мир“ да не се гледа како вулгарен збор во меѓународната политика“, нагласи министерот за надворешни работи.

„Европските политичари обично се расправаат за дипломатија и мирни решенија за одредени војни доколку се далеку од Европа, но во денешно време, за жал, во Европа се води војна, а оние кои се залагаат за мир веднаш се стигматизирани, нападнати и критикуван“, рече тој.

Според Сијарто, оние кои повикуваат на дипломатско решение на украинската криза се „означени како марионети и руски шпиони на рускиот претседател Владимир Путин, иако и самата Европа додава „масло“ на конфликтот“.

Меѓународниот политички систем мора да претрпи фундаментална промена за да се решат сегашните проблеми, а ОН треба да имаат „главна улога“ во тоа, тврди тој.

„Дипломатијата треба да обезбеди алатки за меѓународно креирање политики, кои треба да се засноваат на дијалог… Мораме да престанеме со обидите да ги дискредитираме оние што се залагаат за мир“, истакна тој.

За разлика од повеќето земји-членки на ЕУ, Унгарија одби да испорача оружје на Украина за време на конфликтот со Русија, ги критикуваше санкциите на блокот против Москва и постојано повикуваше на дипломатско решение на кризата.

Во јули, откако Будимпешта го презеде полугодишното ротирачко претседавање со Европскиот совет, унгарскиот премиер Виктор Орбан се впушти во „мировна мисија“ во обид да го реши конфликтот меѓу Москва и Киев. Тој ги посети Украина, Русија и Кина и се сретна со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во САД.

Неговиот план вклучува правење отстапки за Русија во врска со проширувањето на НАТО во Европа, што Москва го наведе како една од клучните причини за започнување на својата воена операција во февруари 2022 година.

Сепак, иницијативата на Орбан наиде на остри критики во Брисел, при што шефот за надворешна политика на Унијата, Жозеп Борел, инсистираше на тоа дека унгарскиот премиер „не ја претставува ЕУ во ниту еден облик“, а претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја означи мировната мисија „проблем“ и велејќи дека тоа е „неприфатливо“.