Вучиќ: Србија и Македонија се навистина пријателски земји

Претседателот на Србија – Александар Вучиќ вчера се сретна со македонските претставници во Атина. По средбата традиционално беше заклучено дека помеѓу овие две соседски земји нема никакви проблеми ниту отворени прашања, а ваквиот однос од страна на српскиот претседател беше оценет за пријателски и братски.

„Србија и Македонија се навистина пријателски земји. Ако ме прашаш мене, братски! – Недоразбирање меѓу нас нема и не смее да има. Ништо не бараме од нашите браќа, единствено што нудиме е искрено пријателство“ – напиша Вучиќ на инстаграм профилот по средбата.

На средбите во Атина присуствуваа лидерите на повеќе земји од регионот, меѓу нив беа и претставници на ЕУ, а главна тема беше проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан.