Дали се спрема погон за преработка на отпад во Ново Село?

Од организацијата Црвена Младина реагираа дека имаат информации за отворање на погон за согорување на отпад, кој ќе се наоѓа во индустриската зона помеѓу село Колешино и село Борисово. Од таму прашуваат дали здравјето на населението од овој регион се ризикува заради отпадот кој се увезува од странство.


Според информациите кои пристигнаа до Црвена Младина од граѓаните на нашата општина, се сомневаме дека здравјето на граѓаните на општина Ново Село е загрозено… Имено станува збор за отварање на погон за дробење и согорување на отпад (пластика,шишиња,лим…) кој се наоѓа во индустриската зона помеѓу с.Колешино и с.Борисово.

Некој сака отпадот од западот и “нашата земја” да го дроби и гори на сметка на здравјето на граѓаните на општина Ново Село со цел да оствари профит !? Дали исто така со овој потег ќе го уништат земјоделието кое е примарна работа на многу семејства во општината, дали се ризикува и нивната егзистенција за профит!? Црвена Младина будно ги следи случувањата околу овој случај, доколку некој мисли дека лесно ќе отвори погон за дробење и согорување на отпад по цена на нашето здравје и нашата егзистенција со цел да оствари профит се лаже, прво ќе мора да се бори со нас, а има збор од наша страна дека ќе изгуби.