АктуелноЛокално

(Видео) Јанчев: Левица ги поддржува кавадарчани против отварање на претпријатие за тешка и загадувачка индустрија

енес во Општина Кавадарци имаше јавна расправа по повод постапката за отворање на центар за рециклирање на гуми.

На јавната расправа присутен беше пратеникот од #Левица од ИЕ 4, Сашко Јанчев.

⚠️На јавната расправа Кавадарчани јасно кажаа дека се против отворање на било какво претпријатие од областа на Г1 тешка и загадувачка индустрија, каков што е центарот за рециклирање на гуми, кој е во план да се отвори на територија на Општина Кавадарци.

По јавната расправа, Јанчев за медиумите изјави:

📣“Ова е уште еден пример на капиталистичка, неолиберална и расипнички логика. Целта на таа логика е профитот да се приватизира, а штетата да се социјализира.

‼️Станува збор за центар за рециклирање на гуми од кој профит ќе имаат само приватните инвеститори и бивш висок функционер на ДПМНЕ затоа што овој центар се планира да се прави на негово земјиште.

❌Како аргумент за јавен интерес се користи тоа што овој центар треба да отвори триесетина работни места. Но тоа е килав аргумент затоа што потенцијалот за загрозување на животната средина и загрозување на јавното здравје што го има овој проект е НЕСРАЗМЕРНО ПОГОЛЕМ од користа од тие триесетина работни места кои се незначителна бројка за Кавадарци, а не пак за цела Македонија.”

Инвеститорите тврдат дека нема опасност од овој центар затоа што станува збор за затворен систем на рециклажа. Но, во светот има примери со проблеми и хаварии токму со ваков систем на рециклажа на гуми.

👉Кога има случаи од САД, Германија, Шведска и Јужна Кореја кај што има каков таков систем на заштита на животна средина и кога таму се случваат проблеми со загадување на животна средина и загрозување на јавното здравје, кај нас, каде што имаме нефункционален систем и нефункционални инспекции, можеме да замислиме до каде би отишло ова.

🚨Сѐ на сѐ, опасностите за штета по животната средина и опасностите за загрозување на здравјето на луѓето се многу поголеми од добивките од овој проект и затоа отворањето на центар за рециклажа на гуми е многу лоша математика.