АктуелноЛокално

Неажурноста на надлежните институции- директни соучесници на загадувачите

  • Реакција на Левица-Делчево

Секоја година во ова време се случува огромен помор на риба во Река Брегалница со што оваа река со сигурност веќе треба да се прогласи за МРТВА РЕКА.

Повеќегодишното загадување без соодветни казни за сторителите сериозно го наруши екосистемот во Општина Делчево.

Огромен револт меѓу риболовците, граѓаните и на земјоделците кои своите насади ги наводнуваат од реката но за институциите кои треба веднаш да излезат на терен и да се открие сторителот воопшто овој проблем не постои.

Во Европа кон која претендира за полноправен член и Република Македонија на прво место е екологијата и еколошката свест на граѓаните но и на бизнис секторот, со вакви институции кои ги има републиката и кои се во директно соучесништво во заштита на нивниот бизнис, Македонија воопшто нетреба ни да размислува за влез во Еу.

Левица апелира до надлежните институции ВЕДНАШ да се пронајдат сторителите и бидат КАЗНЕТИ!