Проблемот со водоснабдувањето и изведбата на водоводната мрежа во с.Ѕвегор-се поблиску до радикализација на состојбата

  • Реакција на Левица-Делчево

По барањето на жителите на с.Ѕвегор за средба со градоначалникот на Општина Делчево и прифаќањето од страна на градоначалникот која ќе се оддржи во Вторник во 11 часот, Локалниот огранок на Левица-Делчево очекува конечно да се изнајде решение и жителите на ова село да ги добијат основните потреби за живот.

Доколку на средбата не се изнајде решение за нивниот проблем жителите најавија радикализација на состојбата и блокирање на меѓународниот пат кон Р.Бугарија кој поминува низ селото .

По изјавата на градоначалникот на една од локалните телевизии дека проблемот не е само во Општина Делчево туку и во други институции на повисоко ниво и за можното радикализирање и блокирање на патот доколку се случи тоа, и тој самиот ќе им се приклучи на блокадите .

ЛО Левица – Делчево се надева на крајно решение меѓу жителите и градоначалникот на средбата во Вторник. Но доколку не се изнајде решение и жителите почнат со блокада на патот на кој како што изјави градоначалникот и самиот тој ќе присуствува, на тие блокади ќе се приклучи и членот на советот во Општината од Левица-Делчево Тони Стаменковски и други членови на партијата.