АктуелноЛокално

Бинационализмот предизвикува апартхејд кон Македонците во одредени делови на Македонија

  • Реакција на Левица-Град Скопје

Етнички мотивирините инциденти, најчесто како резултат на нетрпеливост или омраза, се феномен во нашето општество којшто станува се почеста пракса во мултиетничките средини во Македонија.

Се повеќе до нас пристигнуваат поплаки од граѓани – Македонци кои што живеат или престојуваат во средини со доминантно албанско население, а кои што се жалат дека се изложени на тортура во средината во која жиеат. Најголем број на вакви инциденти се регистрирани во средините каде доминантно живее население кое припаѓа на албанскиот етником, а како жртви, пријавите ги поднеле Македонци или припадници од другите етникуми кои живеат во Макединја.

Ваквата состојба во дел од мултиетничките средини е вкоренета. Истата трае со години (може да се каже и со децении), каде можат да се следат само амплитуди на зголемување или намалување на ваквите случаи. Интезивирањето на немилите настани обично следува при политички тензии, а најчест мотив се етно-трибалистичките, крајно националистичките и нео-балистичките изјави на политичарите.

Дополнително, ваквите настани речиси никогаш не наидуваат на осуда од страна на политичарите од т.н. албански блок на политички партии. Ова е пречеста пракса, последен пример беше кога фудбалер на Албанската фудбалска репрезентација ги навредуваше македонците преку разглас, повикувајќи ја целата публика, додека на трибината седеше тогаш актуелниот Министер Артан Груби, кој не го осуди инцидентот, како и ниту еден друг од политичарите на коалицијата на ДУИ или ВЛЕН.

Граѓаните се жалат дека државните институции добар дел од нивните пријави не ги земаат ниту во предвид, што во комбинација со неказнивоста и неосудувањето од претставниците во парламентот и државните институции, делува стимулирачки кон говорот на омраза кој се шити и инцидентите кои произлегуваат во резултат на истиот.

Левица остро го осудува секој ваков чин на насилство подвлекувајќи дека ова ниво на сегрегација е резултат на политичкиот систем кој стимулира трибалистички поделби, и кој не обезбедува интеграција на нацијата. Апалеираме до совесно однесување на политичарите по однос на оваа сензитивна тема и бараме институциите, пред се МВР и Обвинителството, да не ги игнорира овие случаи и да не дозволува да поминуваат неказнето, согласно законската регулатива.