Левица: Државата оставена со стара противпожарна техника
Во време на високи температури и метеоролошки предупредување за исклучително топло и суво лето, опасноста од појава на пожари во македонските шуми и планини е огромна. Македонија и ова лето сe соочува со недоволен број на пожарникари, застарени возила и неупотреблива техника за справување со пожари.
Дополнителен застрашувачки проблем што се наметнува како згора на овие скромни ресурси за борба против пожари е недостатокот на пилоти за трите Канадери кои беа на одржување во Шпанија. Односно, од три пилоти за канадерите останат е само еден, а според правилата за ЦВП, со еден пилот не може да се добие дозвола за летање.
Заштитата на граѓаните од пожари која треба да ја обезбеди државата е на исклучително ниско ниво! Просечната старост на сегашната опрема изнесува 35.6 години, што е доказ дека во заедничкото владеење на ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изминативе повеќе од триесет години, воопшто не е вложено во оваа сфера.
Затоа, #Левица бара итно да се преземат превентивни мерки против појава на пожари! Дополнително бараме итно обновување на севкупната опрема потребна на противпожарните служби и исполнува потребните минимумални стандарди, како и надоместување на неопходниот број на пожарникари, со цел постигнување на целосна оперативна подготвеност и територијална покриеност.