Апасиев до Мицкоски: Владината програма ви б’зди на одвратно десничарење
- Секвенци од говорот на претседателот на #Левица – Димитар Апасиев на денешната Седница за избор на новата Влада:
,,Ја прочитав внимателно програмата и биографиите на министрите и тоа се најзалудно потрошени четири часа во мојот живот. Вашите кадри би ги опишал преку два хаштага. Првиот хаштаг е „ружна ви е владата“. Ова е една од трите НАЈГОЛЕМИ влади, секогаш кога ДПМНЕ е на власт имаме три најголеми влади, 24 влада, гломазна влада, а европскиот стандард е 13 до 15 члена.
Имате еден глумец, а јас би кажал сите сте глумци. Еден ШПИУН, косовски, не знам ни дали знае човекот македонски јазик, и работел за косовската влада. Вие господине Мицкоски сте плагијатори, а на реформатори. Има 10 добри работи, и сите се препишани од Левица. Идеолошки воведувате нов правец, еве да го наречеме #Мицковизам како највисок стадиум на Груевизмот, бидејќи правите идеолошка каша попара од кадрите. Значи, имате: бугараши, врховисти, необалисти, бранковисти и михајловисти на крајот, но не овие ванчо-михајловизам туку воведувате сега ‘Дража-михајловизам’ во нашата Влада!
Вториот хаштаг е „шверцеви властитог живота“. Мицкоски си ја фризирал биографијата. Требало наместо нарцесоидни моменти, требаше да пишете тато ме направи асистент, Груевски претседател на партија. Програмата е без визија, без храбри чекори, зборот РАБОТНИК се споменува само два пати, зборот СИНДИКАТ нула пати и знаете дека на ДПМНЕ газдите и коморите ќе им бидат нивните соработници.
И ќе потсетам дека на вашиот иден министер МУЦУНСКИ токму јас го спорев неговото назначување за асистент на Правен факултет. И замислете, на мојот приговор тогаш се приклучи и вашата сегашна претседателка СИЛЈАНОВСКА!”