АктуелноЛокалноСтав

(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ поставува измеќар на СДС за претседател на Собранието

  • Изјава на Амар Мецинивиќ – пратеник од редовите на политичката партија Левица

Предлогот на новото мнозинство за избор на Африм Гаши за собраниски спикер не е ништо друго освен кринусување партиите кои соработуваа во криминалната Влада на СДС, од страна на ДПМНЕ.

✊ „Имаме јасен приказ дека силно ДПМНЕ најмногу значи силна Алтернатива. Зошто значи силна Алтернатива? – Токму оваа партија која беше измеќар на СДС, токму СДС ја избрка од својата Влада за да влезе Алијанса. Токму една ваква партија сега ДПМНЕ сака да ја круниса“ – истакна пратеникот Амар МЕЦИНОВИЌ во неговото обраќање пред пратениците.

⚠️ Праксата на политички камелеонизам и шетање од коалиција во коалиција не е ништо ново на непренципиелната политика која ја водат политичките субјекти! Ова е само уште една потврда за водењето на лукративни политики, каде државните и националните интереси не се никаков предмет на интерес кај домашната политичка елита.