Апасиев: Ние сите шестмина би дале поддршка да НЕ биде Гаши Претседател на Собранието

Пред денешната собраниска Седница, Лидерот на Левица – Димитар Апасиев изјави дека партијата е спремна да ги даде своите шест гласови во македонскиот парламент, за Гаши да НЕ биде Претседател на Собранието на Република Македонија.

Како главна причина зошто Левица не поддржува Гаши да биде Претседател на собранието Апасиев наведе дека е „противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонски кога се претседава со Седница“.

Левица отворено го повикува Мицкоски да не даде поддршка за косоваризација на Собранието на Република Македонија! Апасиев најави дека партијата е спремна да даде бланко поддршка на невидено за Македонец да управува со законодавниот дом во Републиката!