Пакистан ја доби втората Фрегата од Кина

Вчера со свечена церемонија беше предадена кинеската фрегата Таимур која беше изградена во Худонг бродоградилиштето.Церемонијата се одржа во Шангај, и ова е втор брод кој Кина го има изградено за Пакистанската морнарица.

Бродот кој како и својот предходник е од класата “Type-054A/P“. И опремен е со модерен систем за електорнско војување. Овој брод е основен брод на Кинеската морнарица и таа поседува 20 вакви бродови.

Фрегатата има тежина од околу 4000 тони, должина од 134 метри и ширина од 16 метри. Опремен е со: вертикален систем за фрлање ракети со противвоздушни ракети HQ-16, два фрлачи со проектили против калибар СМ-302, артилериска единица H/PJ-26 и два противвоздушни артилериски системи „Тип-730“, против подморница ракетна единица и два фрлачи на торпеда и има екипаж од 165 морнари.

Договорот да се изградат  фрегатите земјите го потпишаа во 2017 година и првично беше договорено изградба на два брода но во 2018 година Пакистан се одлучи да го прошири договорот за уште два брода, кој првиот беше доставен во 2020 година.

Пакистанскиот Адмирал Рашид Мехмуд Шеик истакна дека овој брод огромно ќе ја подобри борбената способност на Пакистанската морнарица во нејзината мисија за заштита на Пакистанските граници.