Ванковска: Идната коалиција помеѓу ДПМНЕ, ЗНАМ и албанската опозиција добива сѐ повидливи контури
- Фејсбук пост на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател поддржана од Левица
Верувале или не, во овој момент немам потврда дека воопшто ќе се реализира некаква ТВ дебата / соочување меѓу претседателските кандидати! Некакви напори прават Телма и МТВ, но немам потврда дека ќе се појават сите противкандидати.
Вчера се вџашив кога прочитав дека само мојата програма и таа на господинот Таравари биле достапни на интернет!
Во ситуација кога дебатата е реално укината, а сѐ се сведува на митинзи и куси изјави за медиуми, (за политичката пропаганда и да не зборувам – особено билбордите од типот на тие во Северна Кореја), немам друг начин освен во сите мои настапи да праќам пораки и до граѓаните ама и до противкандидатите.
Идната коалиција помеѓу ДПМНЕ, ЗНАМ и албанската опозиција добива сѐ повидливи се контурите на идната владејачка коалиција. Па, мислете му што ви ветуваат, а што реално прават.