АктуелноЛокалноНастани

Левица: Споменот за партизаните ќе живее вечно

Активистите на ЛО Левица Прилеп, го обновија спомен обележјето за загинатите партизани од одредот Ѓорче Петров кај манастирот над селото Прилепец. Се засадија и дрвца во чест на партизаните, кој несебично го дадоја својот живот во борбата со бугарската фашистичка војска.

-Можеби државата ги заборави, но не и младите левичари. Наша должност и чест е да ги негуваме спомен обележјата. Планското уништување на историјата и историските обележја од владеачките структури, треба да ни биди поголем мотив за вакви акции.

ЛО Левица Прилеп најавува продолжување на вакви акции.