Бивши кадри на СДСМ и апологети на власта како граѓански сектор го консултираше Ковачевски

Кои беа претставниците на т.н. граѓански сектор и експерти со кои премиерот Ковачевски се „консултираше“ за францускиот Предлог?

Од сликите објавени на фејсбук профилот на Ковачевски, може да се види дека тоа се претежно бивши кадри на владејачката партија СДСМ, познати апологети на власта и останати опортунисти, кои досега немаат упатено ниту една критика кон власта. Напротив, нивните усти се полни пофалби за владеењето на СДСМ и ДУИ.

На средбата, како дел од претставници на граѓанскиот сектор и експерти можат да се приметат, Нано Ружин, Уранија Пировска, Арсовски, претставници на Метаморфосиз како невладина која има овластување да проверува факти, т.н. факт чекери кои можат на своја рака и проценка да бришат содржини и блокираат профили на социјалните мрежи, и други блиски соработници на владејачките партии ДУИ и СДСМ.

Очигледно е дека на премиерот и Владата им се брза со протнувањето на Предлогот со кој таа ќе ги прифати бугарските негаторски барања, па преку своите владини-невладини и експерти на платен список на Владата и на разно-разни странски западни фондации, симулира дискусија и демек консултација со личности без интегритет и достоинство, што е само уште еден доказ дека Владата манипулира со јавноста.