Во 1929 година постоеше фудбалски клуб Македонија – Архивско интервју со Васил Дилев

Васил Дилев – Дитљак е македонски голман роден 1913 година во Скопје, тој беше еден од пионерите на македонскиот фудбал, како голман го чуваше голот на СК Македонија и ФК Вардар. По завршувањето на фудбалската кариера станува првиот тренер во Македонија со положен тренерски испит.

Во архивско интервју снимено со легендата на македонскиот фудбал достапно на ЈуТуб, тој зборува за постоењето на клуб Македонија уште во далечната 1929 година.

Имаше многу клубови во Скопје, Имапе ССК, Граѓански, Работнички, Вардар Црна Гора, Слога… Постоеше во 1929 година фудбалски клуб Македонија. Таа Македонија ја ствараа сите богаташки синови од преку Вардар, од тоа мало тука.

Ние сме немале игралиште, ние ноќе сме тренирале на месечина. Сам сум се тренирал, никој не ме тренирал.

1941 дојдоа Бугарите, се растури фудбалот во Македонија. Ниту едно друштво не остана. И, управата доби писмо од Фудбалски Савез на Бугарија, да осниваме у Македонија фудбалски клуб. Како ќе се вика? – Се собраа тие, скопјанци, имаше адвокати, судии, разбираш… и како ќе се вика, некој овака некој онака, и таму еден скопјанец рече: ‘Дај да ја викаме Македонија’!“

Во продолжение од интервјуто дилев се осврна на работата и судбината на Рудолф Шпиц, тренерот на ФК Македоннија.

„ (…) Али добар тренер, таков тренер до сега немало, алал нека му е. Он ја направи Македонија да цела Бугарија се тресеше. Во прва саатна лига на Бугарија имаше 18 клуба, ни еден клуб ни еден клуб не можеше да не „тепа“. Каде и да одевме на гости, искочи сабајле ма напишано.

Во градот ни гостува најдобриот тим на Бугарија, утре недела, ни гостуваат најдобрите играчи на Бугарија, не вика на Македонија, и по ред сите се напишани. Единаесетте синови на Македонската земја“ што досега на Македонија немало напишано така.“

Васил Дилев во ова интервју зборуваше и за тоа дека македонските фудбалери одбивале да ги отпоздравуваат бугарските фашистички окупатори со фашистичките поздрави за што секогаш биле казнувани, на крајот интервјуто го заклучи со успесите постигнувани од страна на ФК Македонија.

„(…) Ние бевме амбасадори за Македонија. Бугарите стално не казнуеле. Зошто у Бугарија беше кога ќе искочиш сите викаат ура, ура, ура и дигаат рака. Ама ние не дигавме рука, и толку наредна недела нова казна.

Сите бугарски клубови сме ги тепале. Ниеден бугарски клуб не можел да не тепа, осим Левски. – Со Левски сме играле нерешено, а Левски беше најдобар клуб на Бугарија.“