Црвена Младина ги повикува сите млади од Општина Карпош на неформална дружба

Утре во 18 часот Црвена Младина ги повикува сите млади од Општина Карпош на неформална дружба на ул.Московска бр 7, пред просториите на ЛО – Левица – Карпош.

За разлика од останатите, ние сме младина која е во секојдневен допир со реалноста и предизвиците кои ги имаме како млади луѓе во оваа држава и затоа се залагаме за средби, дружби со нашите врсници, со цел зближување помеѓу младината и заедничко споделување на проблемите како и визиите за нивно решавање. На вас е да понесете добро расположение.

Ве очекуваме.