Путин: Невозможно е Русија да биде победена на бојното поле

Денес Претседателот на Руската Федерација се имаше обраќање пред Федералното Собрание. Очекувано, една од главните за кои зборуваше рускиот Претседател беше конфликтот во Украина, како и вмешаноста на колективниот Запад во истиот.

Според него, елитите на Западот не ја кријат својата цел – и јавно изјавуваат дека тие сакаат да и нанесат стратешки пораз на Русија. Но, тој додаде, дека е невозможно Русија да се победи на бојното поле.

„Што значи ова за нас? Тоа значи да ни стави крај еднаш засекогаш. Односно, имаат намера да овој локален конфликт да го претворат во глобална конфронтација. Така ние го разбираме сето ова, и затоа соодветно реагираме, бидејќи во овој случај веќе зборуваме за постоењето на нашата земја. Но, тие (Западот) исто така не можат да разберат дека е невозможно да се победи Русија на бојното поле“, – рече претседателот.

Во продолжение, Путин додаде дека поради тоа што Западот не може да ја победи Русија на бојното поле, тој се обидува да ја победи економски – преку санкции, информационо – преку пропаганда и дипломатски – преку креирање на русофобија. Како што вели рускиот претседател, Западот не успеал да ја победи Русија во ниту една од овие „битки“.