Левица: Народот излезе во поголем број и пробугарската Влада не успеа да нè заплаши

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Вчера, на шестиот ден од сенародниот протест против бугаризацијата на Македонија, на кој народот вели НЕ за ‚‚францускиот предлог‘‘, народот излезе во огромен број, и покрај заплашувањата што ги оркестрира Владата.

За денеска се најавени блокади низ државата, вклучувајќи го и главниот град, каде ќе се блокира пред Собранието и Владата. Разноликиот пристап за искажување на протест против сегашната политичка гарнитура на власт и нивната поданичка надворешна политика, испраќа сигнал за народна сплотеност и истрајност во борбата.

Покрај сите намери да се разбие протестот, гневот на народот не можеа да го амортизираат! Годините изминати во кои со државата управуваат квислинзи овие денови кулминираат со општа мобилизација на граѓаните на улиците на Македонија.
Борбата против омаловажувањето на Македонија и негирањето на македонската посебност, историја и јазик кое го спроведуваат наши политичари на барање на Бугарија, нè води кон враќање на меѓународното и домашното достоинство на Македонија.

Сенародниот протест ќе продолжи и по блокадите.
Ние ќе победиме! Секој Ден Во Седум