Ниту една од телевизиите раководени од олигарси не покани претставник на Левица
Како што се зголемува бројот на потписи за проф. Ванковска, така се зголемува и бројот на агитатори против Левица на сите медиуми кои граѓаните ги плаќаат од нивните даноци, вели Јована Стефановска.
-Само запрашајте се зошто сите медиуми кои шират обвинувања против Левица ниту еднаш не повикаа некој од Левица да ги каже против аргументите. Ако не сте знаеле, од вашите даноци со 32 милиони евра ги финансирате МРТВ ( 24 милиони евра) и петте телевизии со национална концесија – Алфа, Сител, Канал 5, Алсат и Телма (8 милиони евра). Ниту една од овие телевизии раководени од олигарси не покани ниту еден претставник на Левица во емисија, вели Стефановска.
Таа вели и да внимаваме кој ни го формира мислењето, затоа што медиумите сепак имаат голема улога во тоа.
-Размислувајте исклучиво врз основа на своја анализа и информации од доверливи извори. Да ги собереме денес потребните потписи за поддршка на проф. Ванковска, а потоа ќе мора законски проф. Ванковска и Левица да ги канат на дебати. Конечно ќе може да се слушне народната волја во медиумите.