Со денови шеруваат фотографија од друга жена, тврдејќи дека тоа е Ванковска

Колку се глупи слепците на дпмне и нивните пајташи за една употреба, ќе видиш по идиотските лаги кои ги креираат и споделуваат, вели Тамара Јованов.

-Проф. Ванковска со денови ја шеруваат со фотографија од друга жена, на која јасно се гледа дека тоа не е таа. Јас до пред некој месец му бев сестра на Апасиев, а од денес имам моја фабрика за чевли со 100 вработени на минималец, вели Тамара, која инаку е сопруга на Димитар Апасиев.

Анкетниот лист со имот пак, е јавна информација, за писмени, потсетува таа и порачува дека ДПМНЕ претендира да биде власт и да раководи со институции.

-Памет во глава – апсолутна власт во рацете на вакви веќе го имаме гледано како доста лош филм, додава таа.