АктуелноЛокално

По притисокот од Левица ќе биде продолжен рокот за употреба на возачките дозволи

Само еден ден по најавата на лидерот на Левица Димитар Апасиев, кој истакна дека ќе побара од Собранието да биде пролонгиран рокот за употреба на возачките дозволи, со иста реторика се јавија и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предлог – измените ги достави до Владата и до Собранието со пратеничката група од ВМРО ДПМНЕ. Тој предлага промена на датумите на важност на возачките дозволи и на пасошите во законите за безбедност во сообраќајот и патните исправи. Наместо до 12 февруари, предлагаат да се промени траењето на важноста до 31 декември годинава.

Само со измена на овие два закони во делот на важност, како на возачките, така и на пасошите, можат да се решат проблемите на граѓаните. Никој не може да предвиди какви последици во иднина ќе бидат предизвикани од овие два закони кои се суштински. Треба пермутација на две бројки од едниот закон и од другиот закон, ова не е научна фантастика. Нема пасоши, како обрасци физички, нити има возачки дозволи во доволен број за да се задоволат потребите на граѓаните. Ова е единствено нормално и возможно системско решение – изјави Тошковски.