АктуелноЛокално

Промоција на книгата „Бела сама“ од Виолета Танчева Златева во КИЦ

На 13. февруари 2024 година (вторник) , со почеток од 19:19 часот  во Културно информативен центар Скопје- Салон Империјал 2 ќе се промовира најновото прозно дело на истакнатата македонска авторка Виолета Танчева-Златева.

Промотор ќе биде Ана Јовковска, добра познавачка на македонската реч. Во издание на ТРИ, овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот.

Книгата „Бела сама“ е вистинско обележје на македонскиот современ роман. Навраќање кон човечките вредности, а едновремено и чекор напред кон излегување од патријархалноста и стереотипите. Да ги овековечиме безвременските вредности на квалитетната македонска книжевна сцена.