Револуција на земјоделството во Индија
По независноста од Велика Британија, Индија се соочува со проблем како да го нахрани своето брзо растечко население. Иако земјата има идеална и квалитетна почва за одгледување на земјоделски култури, но поради недостаток на соодветни инпути и опрема, резултатот беше голема сиромаштија и неухранетост на сопствениот народ. Дури во 1960-тите индиската влада се фокусира на аспектот на револуционизирање на начинот на кој се практикува земјоделството во Индија. Така во Индија бил дозволен и поттикнат увоз на современи земјоделски машини како трактори, комбањи и високопродуктивни семиња.
Модернизацијата на индиското земјоделство, од едно заостанато земјоделство во кое рачната работа не била доволна да се нахранат новите стотици милиони население и преминувањето кон таканаречената „зелена револуција“ која значела индустријализација и високопродуктивно земјоделство е направена по примерот на индустријализацијата на СФР Југосалавија и првата петтолетка после Втората Светска Војна. Југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и индискиот премиер Џавахарлал Нехри почнуваат да негуваат одлични односи меѓу двете земји и при тоа заедно го покренуваат Движењето на Неврзаните.
За да го спречи одлевањето на девизи во странските земји и при тоа да го индустријализира земјоделството, Тито го покренува производството на трактори и секаков вид земјоделска механизација од домашно производство. Така во 1950 година е формиран Металски завод „Александар Ранковиќ“. Заводот во 1954 година е преименуван во Индустрија машина и трактора ИМТ, каде што прво се произведуваат трактори по лиценца на Масеј Фергусон, а во 1964 година понува производството и на тракторите ИМТ 555 од домашна конструкција базиран на претходните модели на фергусон. Производството на тракторите и машините од домашно производство направува земјоделска револуција во СФР Југославија.
Во Индија, до почетните години на 1960 година, трактори се увезуваа од земји како Германија, Велика Британија и Полска. Зелената револуција се однесува на период кога земјоделството во Индија беше донесено во модерната ера поради усвојувањето на високоприносни семиња, пестициди, наводнување, ѓубрива и што е најважно, трактори. Најраните трактори за време на Зелената револуција – ДТ 14 и Белорус – беа донесени од СССР.
Од 1961 година, откако започна локалното производство на трактори, Индија бележи експоненцијален раст. Mahindra, Eicher, HMT, Gujarat Tractors Ltd., Massey Ferguson беа неколку компании кои започнаа со производство на трактори во Индија, вклучувајќи ја секоја категорија на трактори, од мини трактор до тешки трактори. Од првите денови на производство на 52000 единици, Индија сега произведува една третина од вкупното светско производство и исто така е еден од главните извозници на трактори.
Индиската влада почнува да одобрува кредити за набавка на трактори во пакет програмата Зелена револуција, и при тоа се купуваат трактори од домашно производство и парите остануваат во домашната економија.
Денес, вкупните трошоци за производство на храна во Индија се најевтини во споредба со сите други земји во светот. Ова се должи на улогата на технологиите воведени во рамките на зелената револуција. Зелената револуција и помогна на Индија да го зголеми вкупното производство на земјоделски култури, да ги зголеми приносите, да го прошири наводнувањето и да ја зголеми употребата на ѓубрива и пестициди. Сето ова беше овозможено со воведување и промовирање на трактори во земјоделството.
Земјоделството игра значајна улога во економскиот раст на Индија. Со околу 54,6% од вкупната работна сила вклучена во земјоделството и сродните секторски активности, секторот придонесува со 17,8% во Бруто додадената вредност (БДВ) на земјата. Во текот на 2021-22 година, во вкупниот извоз на земјата, земјоделскиот извоз придонел од 50,2 милијарди американски долари со 20% зголемување од 41,3 милијарди американски долари во 2020-2021 година. Во 2023 година индискиот земјоделски сектор порасна со стапка од 3,5%.
Владата го иницираше четвртиот бран на револуција во земјоделскиот сектор за воведување технолошки напредок во секторот за подобрување на приносите.
Денес индискиот земјоделски сектор е на работ на пробив на технолошка трансформација. По децении на еволуција, почнувајќи од Механизацијата и Зелената револуција, новите паметни технологии ќе го доведат до високо прецизното земјоделство. Новиот пристап за управување со фарми користи геополитички системи (GPS) и софтвер овозможен со вештачка интелигенција за прецизно мапирање на обработливо земјиште, осигурувајќи дека поединечните полиња или земјоделски култури ги добиваат прецизно потребните инпути за оптимална продуктивносТ. Прецизното земјоделство се фокусира на сеопфатен пристап кон одржување на благосостојбата на полето и почвата со фокус на подобрување на квалитетот и квантитетот на приносот со минимална еколошка штета.