Годишнина на Кубанската револуција во слики

Првиот ден од новата година, пред точно 62 години, во 1959-та, бунтовничката армија на Движењето 26 јули предводено од Фидел Кастро ја собори диктатурата на Батиста, која беше директно инсталирана и поддржана од САД.

По 5 и пол години борба, Фидел Кастро, Че Гевара, Раил, Камилио и останатите нивни другари револуционери ја зазедоа контролата од бруталниот и корумпиран режим на Фулгенцио Батиста, кој овозможи САД да доминира на островот.

На овој ден, околу пладне, Кастро од балконот на Градското собрание на Сантијаго, го држи можеби најважниот и најдобар говор во својот живот. Главна цел му била да го избрка токму извршителот на државниот удар од март 1952-та година, и да го возобнови уставот од 1940 година. Во тој изминат период, постепено прифатил општествена програма со главна цел за аграрна реформа која ќе го подобри пристапот до земја на Кубанците во руралните краишта, како и пристап до образование и до здраствена заштита. Во својата порака од тој ден, пред насобраните присутни, како и Кубанците собрани пред радиоприемнците низ земјата, велел дека, победата што ја издвојувале бунтовниците всушност е нивна победа, и да го сметаат него, Фидел Кастро, за олицетворение на волјата на народот. 

Револуцијата беше важен пораз за американскиот империјализам и стана траен симбол на отпорот против колонијализмот и капитализмот ширум светот.

Подолу, може да погледнете неколку слики од раниот период на Кубанската револуција, дел од нив и колоризирани отпосле.