АктуелноИнтернационално

Палестинецот живее со 2 парчиња леб и плаче за вода – светот демонстрира

Заменик-координаторот на ООН за Блискиот Исток, Лин Хестингс, кој е и хуманитарен координатор за палестинските територии, рече дека само една од трите линии за снабдување со вода од Израел е оперативна, и многу луѓе зависат од флаширана вода, која ја нема.

Просечниот Палестинец во Газа живее од две парчиња арапски леб направен од брашно складирано од Обединетите нации (ООН) во регионот, но главниот крик што сега се слуша на улиците е „вода, вода“, вели директорот на агенцијата на ООН, Томас Вајт.

Тој додаде дека повеќе од 600.000 луѓе се засолнети во 149 центри на ОН, главно во училишта, но агенцијата изгубила контакт со многу од нив во северниот дел на Газа, каде Израел води интензивни борби како одговор на нападите на Хамас на нејзина територија.

Според него, просечно 4.000 луѓе кои живеат во Газа живеат во училиштата, без услови за одржување на хигиената.

Тој исто така, предупреди на проблемот со отпадните води кои не се пречистуваат и не се испуштаат во морето, туку канализацијата тече низ улиците.

„Условите се депресивни“, бидејќи жените и децата спијат во училниците додека мажите спијат на отворено.

Вајт рече дека агенцијата на ОН не може да обезбеди безбедност, бидејќи пет нејзини објекти биле директно погодени, а најмалку 38 луѓе загинале во нивните засолништа, вклучително и 72 членови на персоналот на ОН.

Деновиве ширум светот стотина илјади луѓе се собраа во знак на поддршка на Палестинците во Појасот Газа.

  • Околу 30.000 се собраа во Лондон четврта сабота по ред, барајќи „итен прекин на огнот“ и „запирање на масакрот“ во Газа.
  • Најмалку 19.000 луѓе се собраа во Париз, каде низ улиците на француската престолнина прошета поворка граѓани со палестински знамиња и натпис „Слобода за Палестина“.
  • Повеќе од 3.500 луѓе, според полицијата, се собрале во центарот на Берлин. На знаците пишува „Спаси Газа“, „Стоп за геноцидот“ и „Примирје“.
  • Во Иран се одржаа многу собири за поддршка на Палестинците и осуда на израелската и американската политика. Толпата извикуваше „Долу Америка, долу Израел“. Во Техеран беа запалени знамињата на САД и Израел.
  • Во Сенегал се одржа митинг пред големата џамија во Дакар, додека собири имаше и во Пакистан.
  • Неколку илјади луѓе се собраа во Вашингтон повикувајќи на итен прекин на огнот во Појасот Газа и критикувајќи ја американската политика за поддршка на Израел. Некои извикуваа слогани против американскиот претседател Џозеф Бајден затоа што веруваат дека тој „саканирал геноцид“ врз Палестинците.

Американската администрација изрази непоколеблива поддршка за својот сојузник Израел по нападот на палестинското движење Хамас на 7 октомври. Американската влада ги отфрли повиците за прекин на огнот, наместо тоа повикува на хуманитарни прекини.

Берлин:

Манчестер:

  • Вашингтон:

Венецуела:

Чиле: