Во Палестина убиени над четири илјади деца до сега – Злосторствата продолжуваат
Министерството за здравство на Палестина објави дека до сега има 8306 мртви од кои 4357 се деца. 25 болници во Газа се надвор од употреба и уште 25 амбуланти се уништени.
Според извештаите има 1950 луѓе кои се водат како исчезнати под рушевините од кои 1050 се деца.
Воената агресија на Апархејдот Израел не престанува. Воените злосторства се секојдневие во гаа и покрај тоа што Генералното собрание на ООН изгласа резолуција во која се бара прекин на воените дејствија и пропуштање на хуманитарен коридор. За жал Македонија гласаше воздржано за оваа резолуција, и земјата не се спротивстави на воените злосторства.