Левица: Универзалната сала – руирана и запоставена од властите

  • Реакција на политичката партија Левица

Еден од симболите на Скопје, денеска доживеа трагедија. За оваа катастрофа се заслужни властите кои со години си ја префрлаат реконструкцијата, најпрво преку екс-градоначалникот Петре Шилегов, а потоа и преку сегашната Министерка за култура, кои дозволија овој симбол на Скопје да се запушти и конечно уништи.

Речиси две години во Советот на Град Скопје се водеа расправи кој да ја реконструира Универзалната сала, за конечно ингеренциите да се префрлат на Министерстрвото за култура. Уште тогаш, советниците на Левица алармираа дека според досегашното искуство, оваа власт не е неспособна за таков зафат како реконструкција на еден од симболите на Градот. На крајот Советниците на СДС и ДУИ успеаја да ги „убедат“ и советниците од ДПМНЕ да ја гласаат оваа одлука, а епилогот од оваа сложна коалиција го видовме денес. Левица беше против оваа иницијатива СЕКОЈ ПАТ.

Универзалната сала, е подарок од меѓународната заедница, а првенствено Народна Република Бугарија, во знак на солидарност со справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Таа е aрхитектонскиот проект како зградата на Државниот циркус во Софија, изграден 1962 година, кој исто така подоцна изгорел во пожар, за врз него да се постави нова зграда. Дали се тоа намерите и на оваа власт, останува да видиме?

Ова што се случи денес со Универзалната сала, е уште еден доказ дека власт кај неспособни и корумпирани партии е погубна за државата и народот – власта на СДС, ДУИ и ДПМНЕ нè чини многу!