АктуелноЛокално

Левица со Предлог-Закон за целосно снабдување на пациентите со препарати за Дијабетис

  • Прес-конференција на пратеникот од Левица -Борислав Крмов за предлог-Законот за здравствена заштита:

„Со тековниот текст од Законот, пациентите имаат право на цитостатици, инсулин и хормони за раст – нашите измени целат на потребите на пациентите со дијабетес, и ние го надополнуваме Законот за освен инсулин да стојат и апарати и ленти за мониторинг на гликемија, системи за континуирано мерење гликемија и инсулински пумпи за дозирање, коишто се многу битни, а и други работи како инсулински игли.

Државата мора да го гарантира целосниот процес на третирање на дијабетес, не само да снабдува инсулин!“