САД го прекршија договорот од Доха, воените трупи од Авганистан нема да бидат повлечени навремено

Белата куќа објави дека нема да го заврши повлекувањето на трупите до 1 мај, како што е наведено во договорите во Доха со талибанците. Новиот датум за напуштање на републиката треба да биде 20-годишнината од нападите на 11 септември. Талибанците веќе објавија дека немаат намера да водат никакви преговори до конечното повлекување на сите странски формации од земјата. Според експертите, администрацијата на Бајден се обидува да најде можност да го задржи военото присуство во Авганистан.

На крајот на февруари минатата година, на преговорите во главниот град на Катар, каде се наоѓа оделот на талибанците, специјалниот пратеник на САД за Авганистан – Залмај Калилзад и политичкиот лидер на талибанците, мула Абдул Гани Барадар, потпишаа договор со кој се предвидува намалување на американскиот контингент од 12 илјади на 8,6 илјади луѓе во рок од 135 дена и повлекување на сите формации на земји-членки на НАТО во рок од 14 месеци.

Со ова, страните се согласија дека до 1 мај 2021 година, САД мора да обезбедат целосно прераспределување на преостанатите единици на сопствената армија и вооружените сили на државите сојузнички од Авганистан. Во исто време, талибанците ветија дека нема да напаѓаат странски воен персонал и дека ќе се борат против Ал-Каеда и другите терористички групи.

Американските власти постојано ги обвинуваат талибанците за кршење на примирјето, но лидерите на движењето ги објаснуваат своите вооружени активности како присилни мерки во одговор на ударите од американските трупи.

Омар Несар (истражувач на Институтот за ориентални студии на Руската академија на науките, директор на Центарот за проучување на модерен Авганистан (ЦИМА)) нагласи дека:  „Талибанците ги принудија САД да го повлечат најголемиот број свои војници. Бројот на американската војска го достигна минималното ниво за целиот период на престој на територијата на Авганистан. За на крај повлекување на странските трупи да биде во нивен интерес“.

На 13 април, Мохамед Наим Вардак, портпарол на талибанската политичка канцеларија во Катар, рече дека водачите на движењето нема да седнат на преговарачката маса се додека не заврши целосното прераспределување на странските милиции.

„Сè додека сите странски сили не ја напуштат нашата родна земја, исламскиот емират („ исламски емират на Авганистан “- како што ја нарекуваат талибанците територијата под нивна контрола) нема да учествува на ниту една конференција во која се вклучени одлуки за Авганистан“, напиша Вардак на Твитер.

Според експертите, таквата остра реакција на талибанците беше предизвикана од неодамнешната изјава на Белата куќа за одложување на датумот на конечното повлекување на трупите од 1 мај до 11 септември 2021 година – 20-годишнината од терористичките напади во Њу Јорк и Вашингтон, по што вооружените сили на САД започнаа воена операција во Авганистан.

Белата куќа јaсно покажа дека нема намера да го испочитва постоечкиот договор, ниту пак рокот за повлекување на своите тупи, напоменувајќи можна ревизијата на меѓународните договори потпишани од претходната администрација

Прашањето за одложување на крајниот датум за повлекување на вооружените сили на САД од Авганистан нееднократно е поставувано во Вашингтон. На 25 март, на првата јавна прес-конференција, Бајден објави дека САД нема да можат да ги исполнат условите за прераспределба на контингентот, утврдени во договорите со талибанците. Според него, САД „тешко дека ќе може до 1 мај да го напушти Авнаистан само заради  тактички причини“.

Слично гледиште изрази и шефот на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, Адам Смит. По консултациите со претседателот на Националниот советник за безбедност Саливан и секретарот за одбрана Лојд Остин, тој рече дека „Пентагон нема ресурси за да го прекине военото присуство во временската рамка договорена со талибанците“. Во исто време, високиот конгресмен истакна дека талибанците веројатно нема да се согласат да го одложат крајниот рок за повлекување на трупите.

Претходно на 12 април, во интервју за „Вашингтон пост“, началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Џејмс МекКонвил, рече дека армиските команданти во Авганистан планираат прераспоредување на трупите.

Руското МНР истакна дека САД ги кршат условите за повлекување на војниците од Авганистан, утврдени во договорот со талибанците. Соодветната реакција имаше од нивна страна: „Најавената намера на САД да ги повлечат своите трупи од Авганистан до 11 септември оваа година е очигледна повреда на договорот меѓу САД и Талибанците потпишан на 29 февруари 2020 година кој предвидува целосно повлекување на американските трупи до 1 мај оваа година. Во врска со ова, можната ескалација на вооружениот конфликт во Авганистан во блиска иднина предизвикува загриженост, што, пак, ги поткопува напорите за започнување на директни меѓуавганистански преговори “, рече Захарова.

Никита Данјук, заменик директор на РУДН институтот за стратешки студии и предвидувања, истакна дека САД намерно одбиваат да ги исполнат своите обврски, обрнувајки особено внимание на фактот дека американската страна еднострано одлучи да го одложат крајниот рок за повлекување на вооружените сили без претходни консултации со талибанците.

„САД не ги испочитуваа своите договори, и еднострано, без претходни консултации (со талибанците) донесоа одлука. Доколку Американците имаат објективни околности кои не им дозволуваат да ги исполнат своите обврски, тогаш тоа требаше да го изнесат во дискусија, да се направи обид за да се изнајдат решенија за проблемот во рамките на дипломатската комуникација. Во овој случај, тие не го стори тоа “, изјави Данјук.

Во Авганистан моментално има и 750 војници на Обединетото Кралство. Одбивањето да се исполни договорот склучен во Доха за повлекување на војниците, Лондон го објаснува со фактот дека британските единици се поврзани со американската воена инфраструктура.

Слична е ситуацијата и со германските формации. Бундестагот вети дека ќе ги повлече своите трупи  до јануари 2022 година. Тие денес не само што не се повлечени туки и дополнителна муниција и оружје ќе им биде испратена на воените службеници поради загриженост за нивната безбедност до 30 април.

На 13 април, ситуацијата во Авганистан беше една од темите на телефонскиот разговор меѓу претседателите на Руската Федерација и САД, Владимир Путин и Џо Бајден.  Засега, ниту Кремељ ниту Белата куќа не објавија детали од овој разговор, но потврдата за неисполнување на меѓународнот договор од страна на САД останува неспорна.