Делегации на Левица во Прилеп и Куманово за Денот на Народното востание

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Денеска, кога го славиме јуначкото кревање на народното востание во двата херојски града – Прилеп и Куманово, против фашистичките окупаторски војски на оската и нивните балкански соработници од фашистичка Бугарија, делагции на Левица во двата града, составени од пратеникот и член на Президиумот Борислав Крмов, членовите на Президиумот Реџеп Исмаил – Хактан, Бранко Ристов и Гораст Муратовски, портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, раководителката на АФЖ – Левица Весна Кираџиева, заедно со советниците и модераторите на Локалните ограноци во општините, положија свежо цвеќе во чест на жртвите од народното востание и за вечна слава за нивниот херојски подвиг.

Споменот од високо кренатата тупаница на народниот отпор и антифашистичкиот порив, крајно, резултираше со поставување на темелите на современата македонска држава – вековно тежнеење за слобода во која сами ќе ја одредуваме сопствената судбина, ослободени од туѓите желби за нашето парче земја.

Повторно, пред нас е исправен предизвикот за чие решение црпиме од АСНОМ и НОБ како идеолошка водилка која ќе не однесе до конечна победа за Република Македонија!

Смрт за фашизмот – слобода на народот!