ФК Баерн Минхен најнова жртва на европската русофобија

Сѐ уште не е стивната бурата по промената на клупата, проблемите во соблекувалната и лошите резултати, а во Баерн се појави нова – германските медиуми јавуваат дека федералната полиција влегла во клупските простории на германскиот гигант, во истрага за неправилности.

Полициските инспектори ја истражуваат наводната поврзаност на долгогодишниот функционер на Баерн, Ули Хенес со рускиот претприемач Алишер Усманов, за кого западните службим иако неосновано, сметаат дека е соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Инспекторите сметаат дека Усманов често добивал гратис ВИП-влезници за најразлични настани и за натпреварите на Баерн. Според германските власти ова било доволно за сомнеж кај истражителите, кои бараат поврзаност, односно документи со кои би се докажало дека во клубот се переле пари.