АктуелноИнтернационално

Во близина на Мртвото Море во пештера пронајдени се добро сочувани римски мечеви стари 1.900 години

Во пештерата со поглед на Мртвото Море, израелските истражувачи откриja складиште од четири одлично зачувани римски мечеви.

Три од оружјата стари 1.900 години, чиишто железни сечила се долги 60-65 см,кои сè уште биле во дрвен штитник. Тие биле пронајдени во речиси недостапна пукнатина од тим кој фотографирал древен натпис на сталактит.

Археолозите веруваат дека мечевите биле скриени од јудејските бунтовници откако биле одземени од римската војска како плен.

„Ова е драматично и возбудливо откритие, кое допира одреден момент во времето“, рече во изјавата Ели Ескусидо, директор на израелската управа за антиквитети (IAA).

Сувата пустинска клима околу Мртвото Море овозможила зачувување на артефакти кои нема да преживеат на друго место во Израел, изјави Ескусидо.

„Ова е уникатна временска капсула, во која фрагменти од свитоци, монети од еврејскиот бунт, кожени сандали, а сега дури и мечеви во нивните штитници, остри како штотуку да се сокриени денес“.

Пред педесет години, сталактит со нецелосен натпис со мастило напишан на старо хебрејско писмо беше пронајден во мала пештера високо на карпа над Мртвото Море, северно од оазата Ен Геди во источен Израел.

Археологот д-р Асаф Гајер од Универзитетот Ариел, геологот Боаз Лангфорд од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и фотографот Шаи Халеви од ИАА неодамна отидоа во пештерата со цел да направат мултиспектрална фотографија за дешифрирање на делови од натписот што не се видливи со голо око.

Додека бил на горното ниво на пештерата, д-р Гајер забележал добро сочуван римски пилум, или копје, во тесната пукнатина. Пронашол и обработено дрво во блиската ниша, за кои се покажало дека се делови од штитниците на мечевите.

Истражувачите го пријавиле откритието и се вратиле со друг тим за да извршат истражување на сите пукнатини во пештерата, при што биле откриени мечевите.

Трите меча кои сè уште беа во нивните дрвени штитници биле идентификувани како римски спата, или долги мечеви, додека четвртото, пократко оружје е идентификувано како меч со прстен.

Мечевите имале модни рачки направени од дрво или метал. Пронајдени се и кожни ленти и парчиња дрво и метал што им припаѓаат.

“Тоа изгледаше малку како куп книги. Но – мечеви!” изјави археологот Орија Амичај. „Секако, ја знаеме приказната од историјата. Но, да се види такво откритие значи да се погледне историјата во лице“.

Археолозите велат дека криењето на мечевите и пилумот во пештерата сугерира дека јудејските бунтовници оружјето го земале од римските војници како плен или од бојното поле.

Тие потоа биле намерно скриени за повторна употреба, веројатно за време на вториот голем еврејски бунт против Римската империја во Јудеја – бунтот во Бар Кохба (132 -135 год).

„Ние штотуку го започнуваме истражувањето на пештерата и оружјето откриено во неа, со цел да се обидеме да откриеме кој ги поседувал мечевите, и каде, кога и од кого се произведени“, рече д-р Ејтан Клајн, директор на Проектот за истражување на јудејската пустина.