Златанов: Реформи ДА, но не фашистички!

Статус на Давид Златанов, претседател на Црвена Младина


„Морам да појаснам за реформите на Мила Царовска да ви станат појасни !

Прво реформите не го модернизираат и надоградуваат македонскиот образовен систем туку го прават по теркот на бугарските фашистички апетити. Со ова историјата на македонскиот народ ќе започнува од 45’та, а пред тоа вашите деца ќе учат дека сме биле Бугари и преку ноќ Тито и Колишевски ги направиле Македонци. Исто фашистички чекор е и тоа што ќе ги тргнат од системот старите учебници, затоа што не се по меракот на фашистичките орди од Европа (читај Бугарија), повлекување (уништување) на учебници е одлика на фашизмот.

Второ, овие реформи ги зголемуваат класните разлики односно ги фаворизира богатите затоа што ќе се во предност со нови лаптопи (скапа технологија) и со тоа ќе се издигнуваат над децата на работниците кои се мачат со кредити за да може да им понудат на своите деца пристоен и достоинствен живот. Ако го земеме фактот дека 60% од народот во Македонија е на раб на егзистенцијата, малкумина ќе бидат “одбрани”, а останатите осудени на неуспех не затоа што не се трудат да постигнат успех туку затоа што не се деца на богати родители …

Како трето ќе се експериментира врз децата затоа што оваа пракса за прв пат во светот се користи во Македонија, никаде во светот нема целосна дигитализацијата на образованието. Ние имаме образовен систем со кој не смее да се експериментира затоа што е катастрофа, мораме да спроведеме реформи кои ќе го подобрат квалитетот на образованието затоа што имаме доволно изгубени генерации во времето на транзицијата (која се уште трае … ).

Реформи што побрзо но не фашистички !”