Мајка се расплака на протестот: Што ни оставија веќе? – Уште душите да ни ги земат

Мајка на онколошки пациент на протестот пред Владата, трет по случувањата на онкологија повика да се соберат граѓаните, со обвинување дека власта го ограбува народот. Таа кажа дека и нејзиниот син е онколошки пациент, по што се расплака.

„Соберете се да ги избркаме, веќе доста е, не опљачкаа. Па зарем не гледате што се случува, ние сме веќе Албанија луѓе, Косово. Се ни земаа, што ни оставија веќе, уште душите да ни ги земат. Па и јас детето ако си го изгубам, што ќе правам. Што чекате, каде сте“, вели жената.

За време на нејзиниот говор никој не остана рамнодушен. Солзи на лицата можеше да се забележат и во толпата и кај полицајците кои стоеја пред Владата. По говорот, таа ја искина фотографијата на претседателот Стево Пендаровски, која беше ставена во саксија, како метафора дека тој се однесувал како цвеќе.