Миле Јовановски тврди дека спроведувањето на рекет во Македонија било управувано од Зоран Заев

Миле Јовановски, тaткото на Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, имаше интервју за А1 Он, во кое зборува за детали поврзани со случајот „Рекет“, кои за пошироката јавност до сега се непознати.

Миле Јовановски тврди дека спроведувањето на рекет во Македонија било управувано од луѓе од власта, а на чело на истата организација бил токму (сега веќе поранешниот премиер) Зоран Заев. Според него, Заев рекетирал десетици бизнисмени, додека неговиот син познат под прекарот Боки 13 бил само посредник во рекетот на познати македонски бизнисмени.

Во ова интервју Јовановски споменуваше повеќе имиња, но најчесто споменувано беше името на Жарко Луковски, за кој, како што вели, починал заради тортурата која ја преживувал од власта.

„Што мислите како така набрзина почина Жарко Луковски? Од што? Така не се умира… Жарко Луковски во мало 50 години сме, знаете какви тортури и пресии му правеа, лично ми кажувал. Знаете дека го малтретираа, една, втора, трета, четврта изјава за да им се поклопат коците за рекет.“

Миле Јовановски истакна дека доколку проговори Рашковски за овој случај, кој во време на спроведување на рекетарските акции беше генерален секретар на Владата, екс-премиерот Заев нема да може повеќе ниту да проговори.

„Aко прозбори Рашковски, Зоран Заев „а“ нема да може да каже. Гарантирам поради една порака пратена од Жарко Луковски. Бојан го запозна со Зоран Заев. И цела комуникација во еден момент се сведува дека „Жарко Луковски најубаво ќе биде да се слуша со Рашковски“:

Италијанскиот весник „Ла Верита“, имаше објвавувано разговори од Боки 13 и Орце Камлев, каде се спомнува дека Луковски завршил работа за случајот со базните станици, како во СЈО, така и во Владата. Јовановски смета дека за ова обвинение водено од СЈО, Луковски најверојатно бил уценуван и рекетиран.