АктуелноЛокално

(Видео) Крмов: Ние немаме капиталистички систем – Ние имаме криминалистички систем

  • Контрареплика кон Премиерот од пратеникот од Левица Борислав Крмов за иницијативата за референдум за национализација на ЕВН:

,, ЕВН е веќе казнувана во други земји, на пример во Бугарија со 1.9 милиони евра за прекршување на правилата за конкуренција и 3 милиони евра бидејќи наплаќале без дозвола. Ние тука сме слуги на странскиот капитал и немаме храброст.

Гледаме што се случува, како компанијата не ги почитува законите и им штети на граѓаните и не реагираме. А кога веќе се зборува за ефикасност, што е поефикасно сега во споредба со пред 30 години, не само кај нас туку во целиот Источен Блок? Овие земји ги убива бела чума.

Не се раѓаат деца и сите се иселија. Целата индустриска база е уништена, немаме никаков извоз и сме само евтина работна сила за Западот.

Каква е таа приватна фирма, ЕВН, која ништо не инвестира во инфраструктурата и сѐ плаќаат граѓаните?’’