Апасиев: Антиработничката власт го одби законот на Левица за скратување на договорите за работа на определено време
По покачувањето на функционерските плати за 78%, Владата на СДСМ и ДУИ предводена од октроираниот премиер Ковачевски, ги одби предлог измените во Законот за работни односи со кој договорите за работа на определено време ќе се намалеа од сегашните пет години на максимум шест месеци, предложен од пратениците од Левица.
Окупационата антиработничка власт на СДС+ДУИ го одби предлог-законот на Левица за измена на Законот за работни односи, со кој договорите за работа на ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ќе се намалеа од сегашните пет години на максимум шест месеци – по што работодавецот ќе беше должен да заснова договор за работа со работникот на неопределено време, – напиша Апасиев на својот фејсбук профил.
Потсетуваме, оваа Влада која го зголеми работното време за работниците и ги врати назад во XIX век, претходно ги одби законските измени предложени од Левица со кои се бараше, зголемување на додатокот за Лицата со попреченост, ограничување на лихварските камати и банкарските провизии, воведување на данок на луксуз и ред други законски измени кои беа во насока на заштита на егзистенционалните интереси на обичниот човек.