Исмаил: Ако мислите дека Славјанска не’ бута во војна – почекајте да ја замени Влатко Ѓорчев
Македонската Влада продолжува со анти-руската политика, како на домашен така и на меѓународен план и тоа е веќе познато. Но, дел од активностите кои ги презема како земја не само што ја вовлекуваат во конфликтот на Украина, туку ја прават да биде страна во конфликтот.
Согласно меѓународните конвенции и декларации кои го регулираат меѓународното воено право, секоја земја која дава било каква помош на страна во конфликтот (од размена на информации, до логистика и вооружување) се смета за страна на конфликтот. Па така, испраќањето на оружје во Украина во кое не вовлече членувањето во воената алијанса НАТО веќе ја прават земјава страна во конфликтот, а се чини дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ наместо да застане наспроти ваквата политика, одлучува одлуката на министерката Славјанка за обучување на украински војници на Криволак да ја надмине и да бара испраќање македонски војници во Украина.
Ваквата изјава и став ги кажа Владимир Ѓорчев кој често е на мета на критики кај пошироката јавност, но и кај членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ по неговата посета во Украина и искажаните анти-руски ставови. На неговите претходни изјави кратко и иронично искоментира Реџеп Исмаил од Левица, на социјалните мрежи.
Ако мислите дека Славјанска не бута во војна со тоа што ќе обучува 4000 украински војници на Криволак, почекајте да ја замени Влатко Ѓорчев, он 4000 македонски војници ќе прати на фронт во Харков.
Исмаил смета, дека по однос на воениот конфликт СДСМ и ДПМНЕ се во целосна соработка и дека двете партии заедно со ДУИ во поглед на надворешната политика не се разликуваат во ништо и само ја втурнуваат земјата во дополнителни и непотребни конфликти.