Апасиев: Цивилизираните бели луѓе од ЕУ паркираат дипломатски возила по тротоарите во Скопје
Вчера вечерта на својот фејсбук профил, пратеникот Апасиев објави фотографија од пред канцеларијата на ЕУ во Скопје, каде може да се видат како дипломатските возила стојат непрописно паркирани на тротоар, а за тоа никој „мува не го лази“.
„Дипломатските коли паркирани на тротоар пред канцеларијата на ЕУ во Скопје“ – напиша Апасиев споделувајќи ја фотографијата. Во продолжение тој ги праша дипломатите: Дали вака паркираат и во Брисел?
Сарказамот на пратеникот за тоа како преку обични мали работи претставниците од ЕУ ни покажуваат како и колку не’ вреднуваат и почитуваат продолжи и денес, тој ја сподели истата фотографија и кратко напиша: „Добро утро за цивилизираните бели луѓе од ЕУ“.