Довербата во судството – недостижна утопија

  • Пишува Персида Отовиќ – Стојановска

Додека глумат навидум шокирани и загрижени овие од извршната власт, да не мислат дека сме со кратка меморија.

Во јуни оваа година на сила со разни перипетии се настојуваше да се донесат измените на Законот за работни односи за да го одложат пензионирањето на голем дел од судиите затоа што имале недостаток на судии.

Па тука би прашала каде се кадрите од Академијата за судии и јавни обвинители?, каде е Судскиот совет, да го планира процесот на флуктација на судии кои се пензионираат и да се прават долгогодишни стратегии.

Нели постоеше Стратегија за реформа на правосудниит систем 2017-2022 или беше само празно слово за замајување на меѓународната јавност, пошто домашната јавност тешко да ја замајуваат со така ниска доверба во судството.

Наместо да глуми внатрешна контрола Судскиот совет откога го прозваа по случајот со Таргет -Тврдина и укинатата пресуда нека одговорат:
1. Зошто немаат избрано судии во судовите во Крушево и Делчево, па сега и Берово со години туку функционираат само со претседател на суд?
2. Зошто судии немаат безбедносни сертификати па предметите се одлагаат со години?
3. Зошто во Скопските судови има илјадници нерешени предмети кои се одлагаат со години?
4. Зошто не се објавуваат пресуди во Основниот граѓански суд Скопје?
5. Зошто работни спорови кои согласно ЗРО треба да завршат за 6 месеци траат по 5-6 години?
6. Зошто доставата на судски акти до државни органи и државно правобранителство се одвива по протек од 3-4 месеци
7. Зошто не се казнуваат вештаците од Бирото за судски вештачења поради кое се одлагаат судски рочишта и по 2 години, како и логично
8. Зошто судовите истите ги ангажираат во судски предмети
9. Зошто нема воедначена судска пракса во Апелационите судови за предмети со иста фактичка и правна состојба

Листата е многу подолга од погоренаведената што покажува дека во судскиот систем треба да следи коренита промена на секое поле( кадровски, организациски како и законски измени) за да говориме за враќање на доверба во судството, владеење на правото и правна сигурност кои за жал се само далечна утопија во Македонија